Почина Александар Карадаковски управителот на дискотеката „Пулс“ кој се лекуваше во Литванија

324

Трагедијата од Кочани ја зема и 60-тата жртва. Почина Александар Карадакоски, кој бил управител на хартија на ММММ Кафе дооел, и кој управувал и со дискотеката Пулс во Кочани во која изби пожарот и животот го загубија во 59 млади лица.

Карадакоски на лекување беше испратен во Литванија каде и починал.

Во трагедијата што се случи во на 16 март рано наутро во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 59 лица, а над 170 беа повредени.

Карадакоски е 60-та жртва од трагедијата која што ги погоди Кочани и Македонија.

ИЗДВОЕНИ