Американскиот актер Ричард Чембрлен почина на 91-годишна возраст. Актерот починал на 29 март 2025 на Хаваите, од компликации по мозочен удар.
Мартин Рабет, неговиот долгогодишен партнер, сподели: “Нашиот сакан Ричард сега е со ангелите. Тој е слободен и лета за оние што ги сакавме пред нас. Колку бевме благословени што познававме таква неверојатна и љубовна душа. Љубовта никогаш не умира. А нашата љубов е под неговите крилја, издигнувајќи го до неговата следна голема авантура”.
Ѕвезда на филмот, театарот и телевизијата, кој исто така беше наречен „крал на мини сериите“ поради неговите главни улоги во некои од најпознатите телевизиски продукции од 1980-тите, Ричард Чембрлен беше еден од најсестраните актери во Холивуд.
Глумеше во „Шогун““ (1980), „Птиците умираат пеејќи“ (1983), „Валенберг“ (1985) и оригиналниот „Идентитетот на Борн“ (1988).
„Шогун“ му донесе на Ричард „Златен глобус“ за најдобар актер и номинација за „Еми“, додека меѓународната слава ја стекна со серијата „Птиците умираат пеејќи“, земајќи уште еден „Златен глобус“ во 1984 година за најдобар актер во минисерија или филм направен за ТВ.