Почесто чувствувате прекумерен замор после јадење – можеби е време да посетите лекар

83
Фото:пекселс

Многумина од нас чувствуваат пад на енергијата после јадење, но во некои случаи тоа може да биде вистинска причина за загриженост.

Во медицината, овој феномен е познат како постпрандијална сомноленција или замор после оброк. Може да предизвика поспаност, ниско ниво на енергија, отежнато концентрирање и недостаток на фокус, пишува Би-Би-Си, а пренесува Слободна Далмација.

Иако ова обично не е причина за загриженост, нутриционистката Фиона Хантер објасни дека оваа појава е доста честа појава, но дека во одредени случаи треба да посетите општ лекар, пишува Би-Би-Си.

Точната причина не е целосно позната, но постојат неколку теории.

„Една од нив е тоа што тоа е природна реакција на телото на дигестивниот процес. После јадење, телото го пренасочува протокот на крв во дигестивниот систем, а ова привремено поместување на крвта подалеку од мозокот може да предизвика чувство на замор и бавност“, рече таа.

Друго можно објаснување е дека ние сме еволутивно програмирани да се чувствуваме поспани после јадење.

„Во праисторијата, штом нашите предци ловеле и јаделе храна, би настанал период на одмор и сон, па овој феномен би можел да биде еволутивен остаток од тоа“, додава нутриционистот.

Таа нагласи дека благиот замор после оброк е сосема нормален, но прекумерниот умор може да биде знак за скриен здравствен проблем.

Дијабетес или преддијабетес – Овие состојби може да предизвикаат флуктуирање на нивото на шеќер во крвта после оброците, што може да доведе до замор.

Нетолеранција на храна или алергии – Може да предизвика замор и други симптоми по консумирање одредена храна. Водењето дневник за храна може да помогне да се идентификува проблематичната храна.

 Недостатокот на железо или витамин Б12 може да придонесе за постојано чувство на исцрпеност.

Хормоналните нарушувања, како што е хипотироидизмот, може да влијаат на нивото на енергија и метаболизмот.

Ако постојано се чувствувате исцрпено после оброците, консултирајте се со вашиот општ лекар или регистриран диететичар. Тие можат да ви помогнат да откриете можни здравствени проблеми и да ви дадат персонализирани совети за оптимизирање на вашата исхрана и одржување стабилно ниво на енергија, пренесува Слободна Далмација.

Според нутриционистката, одредени хранливи материи во храната можат да ја зголемат веројатноста за поспаност.

Ова вклучува оброци богати со шеќер и рафинирани јаглехидрати како бел леб, бел ориз, тестенини и колачи, како и протеини богати со триптофан – како мисирка, пилешко, јајца, сирење, риба, јаткасти плодови и семки.

ИЗДВОЕНИ