Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, потсетува дека е во тек обемна акција за  отстранување на хаварисаните возила и дека досега се дислоцирани над сто возила од подрачјето на локалната самоуправа. – Целта ни е да ги расчистиме јавните простори, паркинг-местата, тротоарите и другите површини од возила што скапуваат со години. Со оваа акција, не само што ослободуваме простор туку и придонесуваме кон почиста и поздрава животна средина – изјави Герасимовски

 

Општина Центар склучи меморандум за соработка со колективниот постапувач ДУО GREEN ROAD ДООЕЛ – Скопје за отстранување на хаварисаните возила од јавните површини на територијата на Општината. Со тоа ќе се олесни и ќе се забрза процесот на собирање, регулирање и преместување на отпадните возила што немаат употребна функција, а воедно и да се подигне свеста кај граѓаните за рециклирањето и зачувувањето на животната средина.

Градоначалникот Горан Герасимовски потсетува дека е во тек обемна акција за отстранување на хаварисаните возила и дека досега се дислоцирани над сто возила од подрачјето на локалната самоуправа.

– Целта ни е да ги расчистиме јавните простори, паркинг- местата, тротоарите и другите површини од возила што скапуваат со години. Со оваа акција, не само што ослободуваме простор туку и придонесуваме за почиста и поздрава животна средина – изјави Герасимовски.

Согласно со Законот за управување со дополнителните текови на отпад и член 63 од Законот за безбедност на сообраќајот, возилата што се дефинираат како отпадни, Општина Центар ги евидентира со податоци за регистарската таблица, локацијата и датумот. Општината потоа доставува барање до МВР за идентификација на сопственикот, по што се составува записник и се става известување за отстранување во рок од 10 дена.

Доколку биде одјавено возилото, сопственикот е должен да го дислоцира и да го извести надлежниот орган. Во случај на непостапување во дадениот рок, се изготвува решение/опомена и се известуваат МВР и колективниот постапувач за тоа. Ако нема регистарски таблици, по истекувањето на пет дена, возилото се презема и се дислоцира.

Колективниот постапувач, по обезбедувањето на потребната документација, го одјавува возилото во МВР или го известува сопственикот дека има рок од 30 дена за одјава. По истекот на овој период, возилото се транспортира до отпаден центар, со што трајно се отстранува од територијата на Општина Центар.

Граѓаните можат да пријават хаварисани возила на бесплатниот телефонски број 076-350-767.

ИЗДВОЕНИ