Екипата на МЗТ Скопје со победа се збогува со АБА2-лигата, откако во последниот натпревар од групната фаза славеше над Цедевита јуниор со 87:82 и заврши на третото место, недоволно за пласман во следната рунда. Ова беше трет триумф оваа сезона во јадранската лига за актуелниот шампион, каде што има и три порази.
-Одигравме максимално борбено и имавме голема желба сезоната во АБА2 да ја завршиме со победа. Среќни сме што успеавме во тоа, како доказ дека дефинитивно можеме повеќе во оваа конкуренција. Сите кошаркари го дадоа својот максимум и навистина е штета што нема да ги продолжиме натпреварите во оваа конкуренција, изјави тренерот на МЗТ Скопје, Васко Атанасов.
Македонија ќе нема ниту еден претставник во понатамошната фаза во ова натпреварување, а покрај МЗТ Скопје, настапот го завршија и Пелистер и Работнички.