
Дел од италијанските медиуми ја пласираа и информацијата дека раководните лица на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед побарале информации за српскиот интернационалец од редовите на калчо гигантот Јувентус, Душан Влаховиќ. Истите биле информирани дека напаѓачот ќе биде продаден доколку понудата за неговото обештетување не биде помала од 30 мил. фунти.