По повод поставувањето на поврзувачката порта на Бит- пазар со Старата скопска чаршија, како што ја нарекоа од Општина Чаир, се огласија и од партијата Левица.
Тие апелираат Министерството за култура веднаш да реагира и да ја заштити Чаршијата, како симбол на Скопје, од понатамошно деградирање и да реагира на непочитување на законот и на подзаконските акти. Воедно, од коалицијата ВМРО-ДПМНЕ/ЗНАМ бараат да се поведе кривична одговорност за непочитување на законите и за уништување на културното наследство од страна на Ганиу.
– Самоволието на ДУИ и натаму продолжува со помпезно промовирање на уништувањето на заштитеното културно наследство во Старата скопска чаршија од страна на градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу. Левица нема да дозволи и овој пат самоволието на ДУИ да остане неказнето на сметка на ситнопартиските интереси – заклучија од партијата.