По земјотресите на Санторини: Морето се повлече повеќе од 200 метри, на брегот кај Мармарис се формираа нови острови

307

По серијата земјотреси во Санторини, морето во Измир и многу други места долж брегот на Егејското Море се повлече за повеќе од 200 метри, објавија турските медиуми.

Морето се повлекува од 8 февруари, а денеска се повлече за повеќе од 300 метри во областа Чешме и пристаништето Алакати, а нивото на водата во областа Дикили и Бодрум падна за повеќе од половина метар, оставајќи зад себе многу заглавени чамци, пишува Anadolu Agency.

Иако граѓаните се вознемирија, поврзувајќи ја оваа појава со земјотресите во Санторини, експертите тврдат дека морската вода се повлекла поради силните северни ветрови и дека тоа е природен процес. д-р Мехмет Чавушоглу, член на Работната група за животна средина, биодиверзитет и климатски промени на Турската академија на науките (ТУБА) и проф. Д-р Доган Јашар изјавија дека морската вода се повлекла поради силните северни ветрови кои достигнуваат удари и до 60-70 километри на час.

На брегот кај Мармарис поради повлекувањето на морето се формираа неколку нови острови, а морето се повлече и на плажите Узуњали и Ичмелер. Морето се повлече и на околу 100 метри од брегот во Силиври кај Истанбул, во регионот Баликесир и во Дидим.

Забележано е дека со повлекување на водата, на плажата се формираат острови од песок.

Оваа појава, според експертите, кои посочија дека причина за повлекувањето на морската вода на Дарданелите и на брегот на Анадолија е силниот северен ветер, а тој треба да трае до среда. Сепак, Чагла Кубат, инструктор по сурфање во Алакати, изјави за Anadolu Agency дека повлекувањето на водата што се случува речиси секоја година е позабележително овој пат.

Таа рече дека оваа недела се откажани тренинзите поради повлекување на водата и дека се чека водата да се врати на претходното ниво.

Хусеин Услу, кој живее во областа Ајдин веќе 41 година, вели дека секоја година има период кога водата се повлекува при силните северни ветрови, но дека ваква ситуација одамна не видел.

ИЗДВОЕНИ