По ветувањето на Трамп: Услугата „ТикТок“ повторно достапна за 170 милиони корисници во САД

16
epa11831678 An iPhone user with the TikTok app and alternative apps RedNote and Lemon8, in Avondale Estates, Georgia, USA, 17 January 2025. The US Supreme Court has backed a law banning the Chinese-owned TikTok app in the United States unless it is sold to a US-based company 19 January 2025. EPA-EFE/ERIK S. LESSER

„ТикТок“ објави дека услугата е повторно достапна за 170 милиони корисници во САД, откако новоизбраниот претседател Доналд Трамп рече дека ќе ја одложи забраната на апликацијата кога ќе ја преземе функцијата утре.

 

Денес, апликацијата во сопственост на Кина престана да работи за американските корисници. Забраната беше поттикната од загриженоста дека кинеските власти може да имаат пристап до нивните податоци. „ТикТок“ вечерва објави дека е во процес на „обновување на услугата“, само неколку часа откако го прекина пристапот до корисниците во САД.

Тие му се заблагодарија на новоизбраниот претседател за „дадената потребна јасност и гаранција“ и рекоа дека ќе соработуваат со Трамп „на долгорочно решение што ќе го задржи „ТикТок“ во САД“.

Трамп денеска објави дека утре, на неговиот прв ден на функцијата, ќе потпише извршна наредба со која ќе му се овозможи на „ТикТок“ привремено да продолжи да работи во САД, истовремено сугерирајќи дека американската влада би можела да преземе делумна сопственост на социјалната мрежа.

 

Во објава на Truth Social, неговата сопствена социјална мрежа, Трамп рече дека „нема да дозволи „ТикТок“ да остане во темнина“ откако ќе ја преземе функцијата претседател утре. „ТикТок“, во сопственост на кинеската компанија „БајтДенс“ (ByteDance), денеска престана да работи за своите 170 милиони американски корисници, дури и пред да стапи на сила законот за забрана.

ИЗДВОЕНИ