Експлозии утринава се слушнаа во неколку украински градови, меѓу кои Миколаев, Черкаси и Керсон, за време на воздушниот напад што беше прогласен ширум Украина, пренесуваат агенциите.
Градоначалникот на Николаев Александар Сиенкевич потврди дека во градот се слушнале експлозии, нагласувајќи дека тревогата останува на сила.
Украинското воздухопловство исто така предупреди на закана која доаѓа од правец на Црното Море, кон областа Николаев.
Покрај во Миколаeв, експлозии беа забележани и во Черкаси и Керсон, додека украинските власти во тие региони апелираа до граѓаните да останат во засолништа.
Според извештаите, заканите дошле од руски дронови, кои биле активни во различни делови на Украина.
Во Днепар во 5 часот и 59 минути е забележана активност на беспилотни летала во близина на градот, а во 5 часот и 37 минути е испратено предупредување и во Черкаси, каде што биле пријавени неколку дронови.
Беспилотни летала биле забележани и во Киев, Запорожје и Харков.
Режимот за прекин на огнот прогласен од Русија за Велигден истече на 21 април на полноќ по московско време, но и Русија и Украина изнесуваат различни тврдења за почитување или кршење на прекинот на огнот.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека Украина постојано го прекршила примирјето, велејќи дека украинските војници се обиделе да нападнат руски позиции во регионот Доњецк во текот на викендот.
Руски извори тврдат и дека украинските вооружени сили ги нападнале руските позиции 444 пати, користејќи топови, минофрлачи, квадрокоптери и разни видови муниција.
Од друга страна, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги обвини руските војници за речиси 3.000 прекршувања на примирјето.
Зеленски тврди дека за време на Велигден, руската војска извршила вкупно 2.935 напади, од кои најинтензивни биле во насока Покровски, како и во областа Курск.
Украинските извештаи, исто така, наведуваат дека во тој период руските трупи извршиле 96 напади и 1.882 гранатирања.
Украинскиот претседател нагласи дека Русија не одговорила на понудата на Украина за продолжен прекин на огнот во следните 30 дена, ниту на предлогот барем да се одржи „молк“ во однос на цивилната инфраструктура.
Прекинот на огнот, кој стапи на сила на 19 април во 18 часот, беше на сила за време на велигденските празници.