„Преку претклиничките истражувања гледаме дека туморот, меланомот, едноставно се повлекува, исчезнува, а не само туморот, туку и метастазите, не исклучувам дека ќе имаме и пациенти во четврта фаза“, изјави Гинзбург, пренесе РИА Новости.
Според директорот на Истражувачкиот центар „Гамалеја“, вакцината против рак ќе биде персонализирана, односно изработена за секој пациент поединечно.
Во развојот ќе помогне вештачката интелигенција која ќе ги анализира параметрите на туморот и ќе направи „план“ на идниот лек, а експертите ќе го користат за подготовка на вакцина во рок од една недела.