По три и пол години во затвор во Русија, ослободен американски учител – Трамп лично го пречека во Белата куќа

667
Фото: EPA-EFE/DANIEL HEUER / POOL

Американски учител учител Марк Фогел, ослободен од Русија по три и пол години затвор, вчера беше пречекан во Белата куќа од американскиот претседател Доналд Трамп, откако полета од Москва дома.

„Се чувствувам како најсреќниот човек на светот во моментов“, рече Фогел, со американско знаме обвиено околу неговото рамо.

Трамп, кој стоеше до Фогел во Дипломатската приемна соба во Белата куќа, рече: „Тој ми изгледа многу добро“.

Ослободувањето на 63-годишниот Фогел, кој беше затворен во Русија од август 2021 година и отслужуваше 14-годишна затворска казна, доаѓа додека Трамп се обидува да ги подобри односите со Москва како дел од напорите да обезбеди крај на војната во Украина.

Трамп рече дека ослободувањето на Фогел „може да биде голем, важен дел“ за ставање крај на војната во Украина. Тој и Фогел му се заблагодарија на рускиот претседател Владимир Путин за нивното ослободување. „Само сакавме да го вратиме дома“, рече Трамп.

Тој додаде дека денеска ќе биде пуштено уште едно лице, без да каже за кого станува збор. Тој ги нарече условите за ослободување на Фогел „многу фер“.

Фогел беше ослободен во придружба на специјалниот претставник на Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф, кој ненајавено застана во Москва за да го земе.

Во авионот дома, Фогел, кој потекнува од Пенсилванија, беше фотографиран со крената чаша, чинија со сирење и неговиот американски пасош, а фотографијата беше објавена на социјалните мрежи од главниот претставник на Трамп за заложници, Адам Болер.

ИЗДВОЕНИ