Европската унија планира да го блокира увозот на одредена храна за да ги заштити своите земјоделци, по примерот на реципрочната трговска политика на американскиот претседател Доналд Трамп, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на извори.
Европската комисија ќе се согласи оваа недела да ги истражи построгите ограничувања на увозот, пишува весникот, повикувајќи се на изјави на тројца неименувани официјални лица.
-Меѓу првите намирници чиј увоз би бил ограничен или блокиран би можеле да бидат американските култури, како што е сојата, која се одгледува со пестициди кои земјоделците од ЕУ не смеат да ги користат, се вели во извештајот.