Новата прва дама на САД, Меланија Трамп, лансираше криптовалута пред инаугурацијата на нејзиниот сопруг за претседател на САД. Оваа објава дојде набргу откако беше објавено дека нејзиниот сопруг, новоизбраниот претседател Доналд Трамп, ја лансираше криптовалутата $Trump.
Вредноста на двете валути се зголеми, но трговијата е нестабилна.
„Официјалниот мем на Меланија излезе! Можете да го купите сега“, објави Меланија Трамп на социјалните мрежи во неделата.
На веб-страницата на валутата се наведува дека станува збор за крипто средство кое се следи на платформата Solana blockchain.
Веб-страниците за валутите $Трамп и $Меланија велат дека тие „не се наменети да бидат предмет на „инвестиции или хартии од вредност.
Биткоинот $Трамп има вкупна пазарна вредност од околу 12 милијарди долари, додека вредноста на биткоин $Меланија е околу 1,7 милијарди долари.
Трамп претходно ги нарече криптовалутите „измама“, но за време на изборната кампања во 2024 година, тој стана првиот претседателски кандидат кој прифати дигитални средства како донации.