По топлата зима, доаѓа уште пожешко лето?

101
Фото: pexels
Полека одминуваат и последните календарски денови од можеби една од најтоплите зими откако се регистрирани мерењата, а температурите со недели се искачуваат далеку над 15 степени Целзиусови.

Засега нема подетални прогнози од метеоролозите за претстојната пролет и лето, но секогаш постои стравот од високите температури.

„Од петте најтопли години, четири имаме по 2018 година. Ова ни кажува дека има забрзување на климатските промени, односно повисоки температури. Оваа зима беше топла и најтопла во Србија за 3,9 степени од нормалното, а во Белград дури 4,5 степени потопла. Ако се погледне рангирањето до 2007 година, најтопла зима беше таа година, летото 2007 година, кога имавме температурни рекорди и кога во Смедеревска Паланка беше забележана температура од 44,9 степени. Потоа следеа уште четири жешки лета, во 2018, 2019, 2022 година и најтоплата во 2023 година – објасни Горан Пејановиќ, заменик директор на српската РХМЗ.

Годинава преовладува и феноменот Ел Нињо што придонесува за високи годишни температури. Оттаму е прогнозата дека температурата во летото 2024 година би можела да отстапи и до два Целзиусови степени над просекот.

„Она од што најмногу се плашиме е бројот на тропски денови, кога максималните дневни температури надминуваат 35 степени, што им го отежнува животот на луѓето, животните и другите суштества. Треба да се очекува половина од летото да биде со максимална температура над 30 степени“, вели Пејановиќ.