По сложена прекугранична истрага, во Шпанија и Хрватска е разбиен кинески синџир на трговија со луѓе: уапсени 30 лица

62
Софистицирана кинеска криминална мрежа, вклучена во илегална имиграција и трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација, е разбиена по сложена прекугранична истрага координирана од Европол.
Полицијата на 17-ти декември изврши рации на 14 имоти низ Барселона (четири), Мадрид(девет) и Толедо (еден) во Шпанија и на еден имот во Загреб, во Хрвадска.

 

Уапсени се 30 лица, меѓу кои биле и водачи на криминалната режа, наведе Европол.

Покрај тоа, запленети се и 180.000 илади евра во готовина, оружје, 70 пасоши, опрема за фалсификување пасоши и визи, наркотички сустанци, 10 врвни возила и 33 мобилни телефони.

Вкупно 33 жртви – кинески и виетнаски државјани беа заштитени.

Оваа истрага се заснова на разбивањето на најголемиот европски синџир на кинеска проституција во февруари 2023 година.

Дигитакните докази запленети во текот на операцијата од тогаш се анализирани внимателно.

Новите разузнавачки податоци овозможија увид без преседан во методите кои ги користат кинеските криминални мрежи во Европа.

 

ИЗДВОЕНИ