По силното невреме што ја погоди Тоскана: Во тек се спасувачки операции во близина на Фиренца, црвената метео тревога е намалена на пониско ниво

306

Во тек се спасувачки операции во 14 општини во близина на Фиренца, откако жителите останаа заглавени од поплави и лизгање на земјиштето предизвикани од обилните дождови и невремето што ја погодија Тоскана, соопшти денеска локалната префектура.

Во меѓувреме, црвениот метеоролошки аларм издаден од властите во Фиренца, како и другите поголеми градови низ Тоскана, вчера поради обилните дождови беше намален денеска на пониско ниво бидејќи временските услови почнаа да се подобруваат, пренесе Анса.

Реката Арно, која во петокот вечерта достигна височина од 4,05 метри на станицата Уфици во Фиренца – далеку од второто ниво на предупредување од 5,50 метри – денес е под нивото на предупредување, како во Фиренца, така и во соседна Пиза.

Гувернерот на Тоскана, Еугенио Џани, го укина црвеното предупредување за поплави за Фиренца и Пиза, како и шест соседни градови.

Во соседниот регион Емилија-Ромања, каде што големи области исто така беа под црвено предупредување за времето во петокот, сите реки беа под максималното ниво на предупредување, вклучително и реката Ламоне, која во петокот вечерта беше на работ да се излее од своите корита во Фаенца.

Црвениот аларм, сепак, остана на сила во некои области на двата региона, вклучително и Равена во Емилија-Ромања, каде училиштата и јавните институции останаа затворени, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ