По шест години во затвор: Миле Јанакиевски, конечно, на слобода

300

По шест години во затвор за предмети од поранешното Специјално јавно обвинителство, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, вчера излезе од затворот „Скопје“.

Апелациониот суд во Скопје претходно донесе одлука тој да добие условен отпуст за предметот „Титаник“. Покрај „Титаник“, Јанакиески беше обвинет и во „Шпански скали“ и за „27 април“.

Европскиот суд за човекови права и слободи лани ја објави пресудата во случајот на поранешниот министер против државата, во однос на изречените мерки притвор за судските предмети за „27 април“ и за „Шпански скали“, во која стоеше дека му биле прекршени човековите права.

Државата ќе треба да му плати вкупна отштета од 6.100 евра, од кои 3.900 евра за нематеријална штета и 2.200 евра за трошоци.