По разорните урагани, доаѓа соларна бура!

449

На Америка и се заканува соларна бура по ураганот Милтон. По ударот на ураганот Милтон, бура од 3 категорија која пристигна на Флорида во четвртокот на 9 октомври во попладневните часови по локално време, на Соединетите Американски Држави им се заканува сончева бура, пишува „CBS News“.

Националната океанска и атмосферска администрација (NOAA) издаде предупредување за геомагнетна бура во текот на ноќта четврток кон петок.

Оваа бура може да ги наруши радиосигналите на Земјата, според метеоролозите и прогнозерите на вселената. Известени се и операторите на електраните и вселенските летала во орбитата веднаш да ги преземат сите мерки на претпазливост.

За можни прекини на електричната енергија била известена и Федералната агенција за управување со вонредни состојби, која веќе се справува со последиците од ураганот Хелен и ураганот Милтон. Последен пат ваква бура ја погоди Земјата во мај оваа година, а беше најсилна во последните две децении.