Постигнат е договор помеѓу родителите и обвинителите. Родителите ќе дозволат да се изврши обдукција врз телата на нивните деца откако обвинителка им ја објасни на законската процедура и потребата од обдукција, пренесе Плусинфо.
Во Општата болница во Кочани пристигнаа триесетина возила од погребните претпријатија и од АРМ, кои треба да ги транспортираат телата на загинатите на обдукција во Скопје.
„Откако ќе биде идентификувано, на секое починато лице ќе му биде извршена обдукција“, рече министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.