По расправијата: Кејт и Вилијам нема да го поминат Велигден со кралот Чарлс и Камила

1771

Кејт Мидлтон и нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, ниту оваа година нема да присуствуваат на традиционалното велигденско дружење со кралот Чарлс и кралицата Камила.

Наместо тоа, таа ќе го помине одморот дома во Норфолк со своите деца, принцовите Џорџ и Луис и принцезата Шарлот.

Вилијам го информирал Чарлс за сè, велејќи дека тој и Кејт одлучиле да го прескокнат собирот за да „поминат повеќе време како семејство за Велигден“, тврди изворот.

„Тие одлучија да поминат време како семејство пред децата да се вратат на училиште“, додаде изворот.

Кралот ја прифати нивната одлука
Кралот Чарлс се согласил со нивната одлука да го поминат Велигден во Норфолк. Ова е втора година по ред како Кејт и Вилијам прескокнуваат семеен собир. Минатата година го откажаа бидејќи на Кејт неколку недели претходно и беше дијагностициран рак.

Кејт и Вилијам последен пат присуствуваа на велигденската миса во 2023 година, кога за прв пат им се придружи нивниот син Луис. Една година претходно и Шарлот и Џорџ го имаа своето „деби“ на велигденската миса.

Велигденска порака на кралот Чарлс
Да потсетиме, кралот Чарлс неодамна ја објави својата велигденска порака во која размислува за војната, човечкото страдање и херојството на оние кои ги ризикуваат своите животи за да ги заштитат другите.

„Една од загатките на човековата природа е како ние сме способни и за голема суровост и за голема добрина“, рече тој, нарекувајќи го парадокс на човечкиот живот.

„Во еден момент, ужасни слики на човечко страдање, проследени со херојски чинови во земјите разурнати од војна, каде хуманитарците од секаков вид ги ризикуваат своите животи за да ги заштитат животите на другите“, додаде тој.

ИЗДВОЕНИ