По Путин, Трамп разговараше и со Зеленски! Како ќе заврши војната во Украина?

234

Претседателот на САД, Доналд Трамп, телефонски разговарал со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, по претходен разговор со рускиот претседател Владимир Путин, пишува Киев Индипендент.

По разговорот кој траеше околу час и половина, Зеленски откри за што разговарал со својот американски колега.

„Само што завршив со разговорот со Доналд Трамп. Долг разговор за можноста за постигнување мир. За нашата желба да работиме заедно. За нашите технолошки способности, вклучувајќи беспилотни летала и друга модерна инфраструктура. Украина сака мир повеќе од кој било друг. Дефинираме заеднички чекори со Америка за запирање на руската агресија и гарантирање на долги и стабилни мирни односи“, објасни украинскиот претседател.

Војната во Украина се приближува на третата годишнина (конфликтот започна на 24 февруари 2022 година) и претстојниот викенд (14-16 февруари) американскиот претседател Доналд Трамп требаше да претстави план за ставање крај на војната во Украина. Но, претставувањето на планот беше одложено за да се доведат и НАТО и Европската Унија на преговарачка маса.

ИЗДВОЕНИ