По пропустот од пред два дена : Хамас го предаде телото на Шири Бибас – денеска треба да бидат ослободени уште 6 заложници

13
epa11909170 Placards show abducted members of the Bibas family, as people gather at Hostages Square ahead of the release of the bodies of four Israeli hostages held in Gaza, in Tel Aviv, Israel, 20 February 2025. Hamas was set to hand over the bodies of four Israeli captives, including that of youngest hostage Kfir Bibas, as part of the ongoing Gaza ceasefire deal. Hamas said in November 2023 that the two Bibas boys and their mother had been killed in an Israeli airstrike on Gaza. EPA-EFE/ABIR SULTAN

Од кибуцот Нир Оз денеска беше потврдено дека телото на жената предадена од палестинската екстремистичка група Хамас во Појасот Газа и припаѓа на киднапираната Шири Бибас. „Со длабока тага кибуцот потврдува дека Шири Бибас е убиена додека бил заложник во Газа“, рече портпаролката.

Хамас вчера го предаде нејзиното тело на Црвениот крст, ден по предавањето на туѓото. Во четвртокот екстремистичката група ги предала и телата на синовите на 32-годишната германско-израелска државјанка, Ариел, кој во моментот на киднапирањето имал само четири години и Кфир, кој тогаш имал само 9 месеци. Беше предадено и телото на друг затвореник, 84-годишниот мировен активист Одед Лифшиц.

Израелските форензичари подоцна во четвртокот утврдија дека останките во четвртиот ковчег не припаѓаат на Шири Бибас, како што тврдеше Хамас. Во соопштението на Форумот за заложници и исчезнати семејства се вели дека семејството Бибас соопштило дека експертите од израелскиот институт за судска медицина го идентификувале телото на Шири.

„Нашата Шири беше убиена во заробеништво и сега се врати дома кај синовите, сопругот, сестрата и целото нејзино семејство. И покрај стравовите за нивната судбина, се надевавме дека на крајот ќе успееме да ги прегрнеме, а сега сме во болка и скршено срце“, објави семејството, повикувајќи на итно враќање на сите преостанати заложници.

Хамас има намера денеска да ослободи уште шест заложници, од кои тројца порано од планираното. Предавањето на Тал Шохам, Омер Шем-Тов, Елија Коен, Омер Венкерт, Аверо Менгисту и Хишам ал-Сајед е предвидено да започне во 11 часот по локално време, а во замена се очекува Израел да ослободи од затвор околу 600 палестински затвореници, меѓу кои 60 отслужуваат долги казни, објавија палестински извори.

Меѓу шесте заложници кои денеска ќе бидат ослободени се и двајца мажи кои Хамас ги држеше во заробеништво околу 10 години. Пред киднапирањето тие самоиницијативно ја преминале границата со Појасот Газа. Според израелски извори и двајцата страдаат од психички проблеми.

Останатите четворица мажи беа киднапирани на 7 октомври 2023 година од членови на Хамас и други екстремистички групи во невиден масакр извршен во јужен Израел, кој резултираше со 1.200 смртни случаи. Тројца биле киднапирани додека присуствувале на музичкиот фестивал „Нова“ во близина на границата со Газа, а еден бил однесен од блискиот кибуц Беери, каде што бил кај роднините.

ИЗДВОЕНИ