По повод Велигден автобусите од јавниот превоз за време на продолжениот викенд ќе сообраќаат по неделен возен ред

24

Од ЈСП информираат дека по повод верскиот празник Велигден, за време на продолжениот викенд од 18.04.2025 год.(петок) до 21.04.2025 год.(понеделник), автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Од претпријатието информираат дека во сабота (19.04.2025 год.) билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовното работно време. А, во петок (18.04.2025 год.) и во недела (20.04.2025 год.) дежурна ќе биде билетарницата и центар за персонализација на Транспортен центар.

Жичницата од петок (18.04.2025 год.) до недела (20.04.2025 год. ) ќе работи со редовно работно време, од 10 до 18 часот, а во понеделник (21.04.2025 год.), вообичаено како и секој понеделник нема да работи.

ИЗДВОЕНИ