По повод традионалната Нова година: Мјанмар ослободи околу 4.900 затвореници, меѓу кои и 22 политички затвореници

91

Шефот на воените власти на Мјанмар амнестира околу 4.900 затвореници, меѓу кои 22 политички затвореници, по повод традиционалната Нова година.

Најмалку 19 автобуси со затвореници го напуштија затворот Инсеин во Јангон, а членовите на семејството и пријателите ги чекаа пред затворската капија од раните утрински часови.

Мрежата за правата на политичките затвореници во Мјанмар, која ја следи состојбата во затворите, објави дека според првичните податоци, 22 политички затвореници се ослободени.

Генералот Мин Аунг Хлаинг, шеф на владејачкиот воен совет, амнестира 4.893 затвореници, објави државната телевизија МРТВ. 13 странци исто така ќе бидат ослободени и депортирани, се вели во посебно соопштение.

Некои затвореници добија намалени казни, освен оние кои се осудени за тешки кривични дела како што се убиство и силување, или оние кои се осудени за злосторства против безбедноста.

ИЗДВОЕНИ