По повод новогодишните празници, претседателката Сиљановска-Давкова помилува седум осудени лица

53

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод новогодишните празници донесе одлука за помилување на седум осудени лица, од кои едно потполно, а шест лица делумно се ослободуваат од понатамошно извршување на казната затвор.

Шестемина осудени лица се помилувани во траење од 3 месеци, а едно лице 3 месеци и 4 дена, што кај него доведе до потполно ослободување од извршување на казната затвор, соопшти кабинетот на претседателката Сиљановска.

ИЗДВОЕНИ