По повод 2.500 годишниот јубилеј: Во Неапол е претставено големо чоколадно велигденско јајце – ќе се продава за 12.000 евра/видео

54

Во чест на градот Неапол, познатата градска фабрика за чоколади „Геј-Один“ претстави чоколадно велигденско јајце како дел од културниот проект „Наполи Миленарија“ по повод 2.500-годишнината на градот.

Велигденското јајце тешко 350 килограми е создадено во чест на наследството на Исидоро Один и Онорин Геј, двајца пионери во чоколадата од Пиемонт во северна Италија кои го донеле својот занает во Неапол кон крајот на 1800-тите.

Изложено во фабриката во квартот Чиајаџи, каде што ја отворија својата прва продавница, јајцето е спој на традиција и иновација, а има слика на сирената Партенопе дизајнирана од Фабио Керасо.

Рачно насликаната чоколадна скулптура ја отсликува митолошката сирена која откако не успеала да го заведе Одисеј, завршила во Мегарид, каде што сега се наоѓа Castel dell’Ovo на брегот на Неапол.

Јајцето на крајот ќе биде продадено, а се проценува на околу 12.000 евра, пренесува Index.hr.

На големото јајце се прикажани и портрети на познати луѓе од Неапол, меѓу кои актерот Тото, музичарот Пино Даниеле и фудбалската легенда Диего Марадона, како и познати симболи на градот како пицата и тврдината Кастел дел Ово.

ИЗДВОЕНИ