Поранешниот американски спортист Том Брејди и моделката Ирина Шајк се повторно во врска, по повеќе од година по последното раскинување, пренесува „Пејџ сикс“.
„Том Брејди и Ирина Шајк повторно почнаа да излегуваат и се подготвени да видат како ќе се одвиваат работите понатаму“, откри извор близок до довојката.
Брејди и Шајк ја прекинаа врската во октомври 2023 година, по помалу од четири месечна врска.
„Разговараа телефонски. Никој од нив не е во сериозна врска, па зошто да не одат заедно на патување“, изјави друг извор.
Ирина Шајк беше претходно во врска со актерот Бредли Купер, со кога беше заедно четири години пред да се раделат во 2019 година. Заедно ја имаат ќерката Леа Де Сена.
Том Брејди,пак, беше во брак со моделката Жизел Бундхен 13 години, а имаат две деца, Бенџамин и Вивиен.
Исто така, Брејди го има синот Џејк од врската со актерката Бриџет Монахан.
Инаку, Брејди и Шајк прв пат беа поврзани во мај 2023 година, откако се запознаа на свадба, а оттогаш се видени неколку пати на заеднички средби.