По повеќе од четири часа: Заврши средбата зад затворени врати меѓу Путин и специјалниот претставник на Трамп – можен е и нов разговор меѓу претседателите на Русија и САД

2339
epa06893910 Russian President Vladimir Putin (R) shakes hands with US President Donald J. Trump (L) after their joint news conference following their meeting in the Presidential Palace in Helsinki, Finland, 16 July 2018. EPA-EFE/ALEXEI NIKOLSKY / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Со соопштение се огласи и Белата куќа во која се наведува дека посетата на специјалниот пратеник на американскиот лидер Стивен Виткоф на Русија е уште еден чекор на патот кон воспоставување мир во Украина.

Во Санкт Петербург заврши средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на американскиот претседател Стивен Виткоф, соопшти прес-службата на Кремљ.

Портпаролот на рускиот лидер Дмитриј Песков изјави дека разговорот меѓу двајцата функционери се одржал зад затворени врати.

Средбата траела околу четири и пол часа, а како што претходно соопшти Кремљ, не е исклучено по средбата меѓу Путин и Виткоф, телефонски да разговараат и лидерите на Русија и САД.

Со соопштение се огласи и Белата куќа во која се наведува дека посетата на специјалниот пратеник на американскиот лидер Стивен Виткоф на Русија е уште еден чекор на патот кон воспоставување мир во Украина.

Песков објасни дека средбата меѓу Путин и Виткоф е затворена и покрај тоа што Кремљ за прв пат објави видео на кое рускиот лидер и американскиот претставник се ракуваат непосредно пред почетокот на средбата.

– Средите секако не беа тајна. Ова е трета посета на Виткоф на нашата земја. Во Москва дојде двапати, а денеска е во Санкт Петербург. Вообичаено е да се покаже првото ракување. Сепак, тие не се среќаваат за прв пат. Но, самиот разговор е затворен процес, истакна Песков во изјавата за рускиот новинар Павло Зарубин.

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков, не ја исклучи можноста за нов телефонски разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, по посетата на Русија на специјалниот пратеник на американскиот претседател за Блискиот Исток, Стив Виткоф.

„Теоретски е можно да има разговори“, изјави Песков за новинарите, пренесе „Интерфакс“.

Путин вечерва разговара со Виткоф, објави Песков.

На прашање како започна средбата, тој рече.

– Обичен, деловен. Тоа е работна средба – рече Песков.

Портпаролот на претседателот на Руската Федерација истакна дека средбата била долга.

– Развлечена е, прилично долга, всушност како претходната – рече тој.

ИЗДВОЕНИ