По победата на Трамп на изборите, во САД е забележан раст на продажбата на дистописки книги

780

По реизборот на Доналд Трамп за претседател на САД, дистописките романи бележат значителен пораст на продажба, а најистакнати меѓу нив се „Приказната на слугинката“ на авторката Маргартет Атвуд и „1984“ на Џорџ Орвел, пренесува Гардијан.

Книгата брзо се искачи на скалилото на најпродавани книги на Амазон, искачувајќи се за 400 места и достигнувајќи го третото место. Романот на Атвуд, прв пат е објавен во 1985 година и е номиниран за Букеровата награда, и веќе стекна популарност во текот на првиот мандат на Трамп, а неговата адаптација во телевизиска серија со Елизабет Мос во главната улога дополнително ја зголеми неговата препознатливост.