По „Опенјамер“ и „Интерстелар“, нешто ново од режисерот Кристофер Нолан: митски акциски еп за Одисеј, кој ќе се снима низ целиот свет

403
epa11176400 US director Christopher Nolan speaks after receiving the Honor Cesar during the 49th annual Cesar awards ceremony held at the Olympia concert hall in Paris, France, 23 February 2024. The awards are presented by the French Academy of Arts and Techniques of Cinema. EPA-EFE/TERESA SUAREZ

По „Опенхајмер“ и „Интерстелар“, следниот филм на Кристофер Нолан ќе биде адаптација на Хомеровата „Одисеја“ и тој митски акционен еп ќе се снима низ целиот свет, објави филмската компанија „Универзал“.

Филмот на 54-годишниот режисер познат по „Опенхајмер“ и „Интерстелар“ ќе се прикажува во кината низ светот на 17 јули 2026 година, објави студиото на IX.

Според студио „Универзал“, филмот ќе се снима со помош на технологијата IMAX, која овозможува особено висока дефиниција.

Холивудските публикации известуваат дека во проектот се вклучени Мет Дејмон, Шарлиз Терон, Том Холанд, Ен Хатавеј, Зендаја, Лупита Нионго и Роберт Патинсон.

Старогрчкиот еп, напишан околу 8 век п.н.е., раскажува за враќањето на Одисеј од Тројанската војна во Итака.

ИЗДВОЕНИ