Белгиските политички партии постигнаа договор за влада на широка коалиција во петокот, по речиси осум месеци преговори по изборната победа на фламанската националистичка партија Нова фламанска алијанса (Н-ВА), објави локалниот медиум VRT News, цитирајќи Ројтерс.
Новиот лидер на фламанската алијанса Барт Де Вевер (54) се очекува да стане премиер и да ја предводи петпартиската коалиција во која ќе бидат вклучени демохристијаните и социјалистите од Фландрија, како и либералите и центристите од Валонија од француско говорно подрачје.
Екстремно десничарската партија Влаамс Беланг (фламански интерес) е исклучена од преговорите за формирање влада, и покрај фактот што постигна најголемо зголемување на поддршката на изборите во јуни 2024 година и стана втора по големина политичка партија во Белгија.
Во земја каде што федералните влади традиционално формираат коалиции, политичките партии постојано одбиваат да соработуваат со партијата Фламански интерес поради нејзиниот притисок за независна Фландрија, антиимигрантските ставови и критиките на Европската унија.
Коалициските преговори траеја со месеци бидејќи немаше договор за намалување на буџетските расходи, даночна реформа и реформа на пензискиот систем, на што Де Вевер инсистираше со цел да се подобри финансиската состојба во шестата по големина економија во еврозоната.