По наредбата на Трамп: Американскиот суд ја одложи пресудата за отпуштање 11 службеници на ЦИА

103

Американскиот суд денеска ја одложи пресудата за отпуштање на 11 привремени вработени во ЦИА на кои им беше наредено да дадат отказ или веднаш да бидат отпуштени, објави адвокатот на вработените, Кевин Саливан.

Тој изјави за „Ројтерс“ дека судијата Ентони Тренга и дал рок на владата до четврток да поднесе одговор на пресудата на Саливан.

„Овие луѓе се отпуштаат само затоа што се претпоставува дека се левичари“, рече Саливан, и самиот поранешен офицер на ЦИА. Саливен рече дека неговите клиенти се меѓу 51 службеник на ЦИА кои беа ставени на административно отсуство два дена откако американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба на 22 јануари со која беа елиминирани програмите на ЦИА кои се занимаваат со различност, правичност и вклучување. Тие 51 службеници биле повикани во центарот за посетители на ЦИА и им биле одземени „значките за идентификација“.

Ним им бил даде избор, до денес до 17 часот да изберат од три понудени опции: да се пензионираат до 1 октомври, денеска да си дадат отказ или да им биде раскинат договорот за работа на 20 мај. Саливен рече дека тоа ги прекршува административните процедури во ЦИА, Законот за административна постапка и уставните права на неговите клиенти.

ИЗДВОЕНИ