По куршумот во увото на Трамп ќе расте доларот

428

Пукањето на предизборниот митинг на поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги зголемува неговите шанси повторно да влезе во Белата куќа, велат инвеститорите. Трамп беше застрелан во увото на митинг во Пенсилванија во саботата, што властите го третираат како обид за убиство.

Пред пукањето, пазарите реагираа на изгледите за реизбор на Трамп со зајакнување на доларот и тој тренд би можел да продолжи и во наредната недела, рече Ронг Рен Гох од Eastspring Investments во Сингапур.

Акциите на медиумската компанија на Доналд Трамп, позната по акронимот TMTG, пораснаа за 50 отсто во претпазарната трговија во САД.

Првото пукање во американски претседател или кандидат на партија по обидот за атентат врз републиканскиот претседател Роналд Реган во 1981 година може да влијае на изборниот натпревар на 5 ноември меѓу републиканецот Трамп и демократот Џо Бајден.

„Запомнете, популарноста на Реган порасна за 22 процентни поени во анкетите по обидот за атентат. Изборите најверојатно ќе бидат убедлива победа (за Трамп). Ова потенцијално ја намалува неизвесноста“, рече Ник Ферес, главен директор за инвестиции во Vantage Point Asset Management.