Етна, највисокиот активен вулкан во континентална Европа, повторно еруптираше исфрлајќи лава.
Лава од синоќа повторно тече од пукнатините кои се формираа на 8 февруари на јужната падина на кратерот наречен Бока Нуова (Нова уста), вулкан на надморска височина од околу 3.300 метри.
Националниот институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ) изјави дека покрај протокот на лава, имало и исфрлање на помали количества пепел.
Локалните медиуми објавија дека моментално нема прекини во воздушниот сообраќај, дури и на меѓународниот аеродром „Винченцо Белини“ во Катанија, во близина на вулканот.
Етна, кој се наоѓа на Сицилија, е најактивниот вулкан во континентална Европа.