По кратко боледување, денеска во Скопје, на 42-годишна возраст, почина новинарот Ѓорѓи Томиќ. Томиќ беше долгогодишен дел од македонската медиумска сцена, а од 2007 до 2018 година работеше во редакцијата на Канал 5 како уредник во информативната редакција.
Неговата новинарска кариера беше посветена на следење на настани од надворешната политика, при што остави значаен печат во известувањето.
Колегите и пријателите ќе го паметат како посветен новинар, професионалец со остар новинарски дух и човек со исклучителна другарска природа.