Црниот дроб помага во различни витални функции како варење, метаболизам, детоксикација и слично, а приближно 25% од светската популација е зафатена од заболувања на црниот дроб кои можат да бидат од различни типови како хепатитис, цироза, масни заболувања на црниот дроб или безалкохолни масни заболувања на црниот дроб, пишува. Заболувањата на црниот дроб, доколку не се откријат навреме и не се лекуваат, може да доведат до оштетување на функцијата на црниот дроб и да станат фатални.
Морковите се богати со бета-каротин, кој телото го претвора во витамин А. Витаминот А е од суштинско значење за здравјето на црниот дроб, бидејќи помага да се заштити црниот дроб од оштетување. Сокот од морков помага и за подобрување на варењето и детоксикацијата.
Што ви треба?
6 мали моркови
1 мало парче ѓумбир
1 голем лимон
200 мл вода
Подготовка на сок од морков:
Излупете го морковот, исплакнете под млаз вода, излупете го ѓумбирот и излупете го лимонот. Сите состојки (лимонот без кора) ставете ги во блендер и убаво изблендирајте. Кога сè е добро искомбинирано, добивате пијалок што треба да го пиете на празен стомак, по што црниот дроб ќе ви биде „благодарен“.