По информативниот разговор во ПС Карпош, поранешниот министер за економија Бектеши е пренесен на сослушување во ОЈО Кочани

96

Крешник Бектеши, поранешниот министер за одбрана кој претходно беше задржан на информативен разговор додека се обезбедуваат докази од Министерството за економија, од полициската станица во Карпош е пренесен пред судот во Кочани.

Судија на претходна постапка треба да одлучи дали ќе му одреди краткотраен притвор, според информации од Обвинителството.

Еден поранешен директор и инспектори на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) се дел од притворените во случајот со големата несреќа во Кочани, кога во голем пожар во дискотеката „Пулс“ загинаа 59 лица.

Овој податок го објави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, без детали за кого се работи и која е причината. МКД.мк дознава дека се работи за поранешниот директор Беким Максути, кај кого, при полицискиот претрес во неговиот дом било пронајдено и оружје и муниција.

ИЗДВОЕНИ