По инцидентот во Германија: Зголемено полициско присуство на божиќните пазари во Виена

23
epa11607810 Badge of German police officer at a border crossing point between Germany and Austria in Walserberg, Germany, 16 September 2024. According to the German Federal Ministry of the Interior and Community, the temporary reintroduction of border control at Germany’s land borders with France, Luxembourg, the Netherlands, Belgium and Denmark has been ordered for six months, starting 16 September 2024. EPA-EFE/ANNA SZILAGYI

Виенската полиција го засили своето присуство на божиќните пазари во австриската престолнина во саботата, еден ден по нападот со автомобил во Германија во кој загинаа пет, а беа повредени повеќе од 200 луѓе. Безбедноста е зголемена и во други австриски градови.

Возило удри во минувачи на божиќниот пазар во Магдебург, источна Германија, во петокот вечерта, а властите на лице место уапсија 50-годишен лекар од Саудиска Арабија.

„Поради инцидентот во Магдебург, иако тој на никаков начин не е поврзан со Австрија, донесена е одлука да се зголеми полициското присуство во Виена, особено на божиќните пазари во градот, почнувајќи од сабота“, изјави за AFP портпаролот на полицијата Давид Павлик.

Во Виена нема „посебна закана“, вели Павлик, додавајќи дека австриските власти се во близок контакт со нивните колеги во Германија.

Зајакнати се и мерките за безбедност на божиќните пазари во неколку други австриски провинции, вклучувајќи ги Горна Австрија, Долна Австрија и Градишче.

Во ноември 2020 година, претходно осуден поддржувач на Исламската држава застрела четири лица и рани 23 лица во центарот на Виена, а потоа беше застрелан од полицијата. Тоа беше првиот смртоносен напад на џихадистите во Австрија.

Во тој процес, земјата усвои контроверзен антитерористички закон кој дозволува зголемен надзор.

ИЗДВОЕНИ