По Хрватска и Македонија: Итно повлечен од продажба чоколадниот бар на „Милка“ во БиХ

1345

Во Босна и Херцеговина повлечени се 33 парчиња чоколади „Милка Орео“ од 37 грама поради присуство на пластични фрагменти, соопшти Федералната управа за инспекциски работи (ФУЗИП). Серискиот број на производот е OSK0934652, а рокот на траење на отповиканите производи е 18 август оваа година.

Инаку, претходно споменатиот чоколаден бар беше повлечена од хрватскиот и македонскиот пазар.

Според извештаите, инспекторите на Федералната агенција за инспекција на храна провериле 12 малопродажни објекти лоцирани во поголеми трговски центри.

– Во еден од истражените објекти споменатите чоколадни барчиња се затекнати во продажба, по што се повлечени сите 33 парчиња – се наведува во соопштението на ФУЗИП, пренесе Херцеговина.инфо.

Оттаму додаваат дека сѐ уште немаат добиено податоци за количините.

– Со оглед на тоа што сѐ уште немаме добиено податоци за количините на спорниот производ повлечен од пазарот од страна на увозникот, Федералната инспекција за храна ќе ги преземе сите законски мерки против одговорните лица, а за сѐ ќе ја извести инспекцијата и Агенцијата за безбедност на храна, се додава во соопштението на FUZIP.

Порталот Телеграф.рс пишува дека нивен тим стапил во контакт со компанијата Монделез, со цел да провери дали оваа одлука ќе влијае и на српскиот пазар.

– Безбедноста на нашите потрошувачи и квалитетот на нашите производи, како и секогаш, се наш највисок приоритет. Затоа, како мерка на претпазливост, почнавме да го повлекуваме нашиот производ Milka Oreo Bar (37g) од хрватскиот пазар поради можно присуство на мали парчиња пластика во одредена серија производи. Овој случај се однесува исклучиво на производот Milka Oreo Bar (37g), со датум на употреба 18.8.2024, ЛОТ број OSK0934652 18:28 01 и БАР код 7622210721785 отпечатен на пакувањето. Споменатиот производ со овие конкретни детали го нема на српскиот пазар, пренесува Телеграф.рс.