По хоророт во Австрија: „Тоа беше терористички напад со исламистичка позадина“

787

Нападот во Вилах, во кој Сириец до смрт избоде 14-годишно момче и повреди пет лица, се третира како терористички напад со исламистичка позадина, изјави во неделата австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер.

„Ова е исламистички напад поврзан со Исламската држава“, рече Карнер во Вилах во сојузната држава Корушка.

Карнер рече дека 23-годишниот осомничен Сириец, кој легално престојувал во Австрија, „се радикализирал на интернет“.

Тој во саботата по случаен избор со нож нападнал минувачи во центарот на Вилах, при што тешко повредил 14-годишник кој починал од повредите. Повредени се уште пет лица, од кои три се на интензивна нега.

Напаѓачот бил запрен од друг Сириец кој доставувал храна во својот автомобил.

Како што пишува весникот „Клајн цајтунг“, минувачите првично го помешале доставувачот на храна, кој го запрел својот сонародник и на тој начин можеби спречил дополнителни жртви. Тие прво помислиле дека тој е напаѓачот и физички го нападнале.

„Секако дека сега сум загрижен дека луѓето ќе мислат лошо за нас, но ние Сиријците не сме такви“, вели 42-годишниот доставувач на храна.

Сириецот кој го спречи сонародникот убиец во Австрија: „Мислеа дека јас сум напаѓачот, не сме сите такви!“

ИЗДВОЕНИ