По формулата „13 клучеви за Белата куќа“ познато е кој ќе биде новиот претседател на САД

216

Американскиот професор Алан Лихтман е познат по точноста на своите предвидувања, базирани на систем од 13 прашања на кои може да се одговори само со „да“ или „не“.

Формулата „13 клучеви за Белата куќа“ ја развија Лихтман и познатиот математичар Владимир Кеилис-Борок во 1981 година. Оттогаш, се користи за предвидување на исходот на претседателските избори во Соединетите американски држави со високо ниво на успех.

Ако одговорот на шест или повеќе прашања е „да“, тоа секогаш значи дека актуелната партија ќе победи. Доколку одговорот на шест или повеќе прашања е „не“, гласачите ќе се свртат против партијата на власт.

Прашањата ја вклучуваат економската ситуација во земјата, социјалните немири, присуството на скандали, големите успеси и неуспеси на кандидатите, како и нивната лична харизма.

Кандидатот на Демократската партија Камала Харис ќе победи на претстојните претседателски избори во САД, напиша американскиот професор Алан Лихтман на социјалната мрежа Х.

– Харис победува. Таа постигна 8 да, и 5 не, рече политикологот.

Професорот нагласи дека конечната прогноза ќе биде објавена по Конгресот на Демократската партија во август, каде демократите и официјално ќе го соопштат својот кандидат.