Актерката Амбер Херд го чека своето второ дете. Среќната вест ја потврди и нејзиниот американски медиумски менаџер.
-Сѐ уште е многу рано во бременоста, па се надевам дека разбирате дека не сакаме да навлегуваме во детали во моментов, изјави тој за People.
Тој додаде дека е пресреќна за себе и за Уна Пејџ – нејзината тригодишна ќерка која ја доби со помош на сурогат мајка во 2021 година. Не е познато дали Амбер сега е бремена или бебето го носи сурогат мајка.
Амбер и Уна ги напуштија САД три месеци откако таа загуби на суд од нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп.
Тој ја тужеше, тврдејќи дека го клеветела во написот што ја напишала за Вашингтон пост. Судот и наложи на Амбер да му плати отштета од над 10 милиони долари.
Таа сега живее со својата ќерка во Шпанија. Пред две години таа раскина со снимателката Бјанка Бути. Не е познато дали моментално е во врска.