По долгата зимска тишина, пролетен спектакл на небото: Почнува метеорскиот дожд Лириди

66

По долгата зимска тишина на небото, пролетта носи враќање на ѕвездените траги. Лиридите, најстариот документиран метеорски дожд, ќе го осветли небото од 17 до 26 април, кулминирајќи во зори на 22 април, кога се очекува спектакл од 18 метеори на час – некои од нив толку светли што ќе остават огнени траги.

По неколку месеци речиси целосен недостаток на метеоролошка активност, доаѓањето на пролетта на северната хемисфера ќе донесе голема промена благодарение на метеорскиот дожд Лириди, познат по своите брилијантни огнени топки на небото. Огнените топки, по дефиниција, се метеори чија светлина е слична на онаа на планетата Венера.

Годинава Лиридите ќе траат од 17 до 26 април, а според Американското метеоролошко друштво, најдобар период за набљудување ќе бидат три ноќи кога оваа активност ќе го достигне својот максимум – односно во понеделник 21, вторник 22 и среда 23 април.

Сепак, за добар поглед потребно е небото да биде ведро и без светлосно загадување, а најдобро време за набљудување е во раните утрински часови, по полноќ, кога ноќта е најтемна.

Лиридите се највидливи од северната хемисфера бидејќи се верува дека потекнуваат од соѕвездието Лира, чиј центар се наоѓа во близина на светлата ѕвезда Вега, која изгрева во североисточниот дел на небото штом ќе се стемни.

Овој метеорски дожд е формиран од прашина и остатоци оставени во внатрешниот Сончев систем од кометата C/1861 G1 Тачер, која орбитира околу Сонцето на секои 422 години. Последен пат покрај Сонцето поминало во 1861 година, а следното поминување се очекува дури во 2283 година.

ИЗДВОЕНИ