По денешното сонце, нов влажен бран од утре

83

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот, утре
попладне и во петок ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени локални врнежи од дожд и појава на грмежи.

Процесите ќе бидат поинтензивни утре кон крајот на денот и во текот на ноќта, кога наместа ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните делови. Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно, сончево и топло. Од почетокот на следната седмица повторно ќе настапи дестабилизирање на времето.

Во Скопје, утре кон крајот на денот и во текот на ноќта времето ќе биде
променливо облачно и нестабилно со повремен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме. Во петок претпладне ќе има повремен дожд.

Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува
поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

ИЗДВОЕНИ