Почнувајќи од утре (понеделник 21 април), па речиси до крајот на неделата под влијание на циклонска активност над Медитеранот, во Македонија ќе има честа појава на повремени врнежи од дожд, и истите на повеќе места ќе бидат поројни, проследени со грмежи и со засилен ветер во зоната на нестабилност, објави Метеоаларм во најновата временска прогноза.
Локално процесите ќе бидат во форма на невреме, однсоно поинтензивни и проследени со обилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и со услови за појава на град.
И во Скопскиот регион следува многу променливо време со повремени врнежи од дожд, кои во делови од котлината ќе бидат поројни и проследени со грмежи и со засилен ветер. И во делови од Скопската котлина е можна појава на невреме.
Температурите и покрај ова остануваат без некоја поголема промена во однос на оние кои ги имаме сега, што значи продолжува топлото време, а барем отсега гледано, позначителен пад на температурите ќе имаме за време на следниот викенд.