По денешниот силен земјотрес што го погоди Инстанбул, регистрирани 127 последователни потреси – повредени се 235 лица

39
EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Во Истанбул, каде денеска малку по пладне беше регистриран силен земјотрес со јачина од 6,2 степени, се случија уште 127 последователни потреси, изјави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја, а министерот за здравство проф.д-р Кемал Мемишоглу објави дека во таа пригода се повредени 236 лица.

Бројните последователни потреси, од кои најсилниот беше 5,9 степени, ги вознемирија граѓаните и туристите во Истанбул и неговата околина.

„Во земјотресот нема загинати, а граѓаните се повредени со скокање од височина поради страв и паника. Во Истанбул се повредени 173 лица, во Текирдаг и Сакарија 24, во Јалова двајца и во Бурса тројца“, изјави Мемишоглу.

Јерликаја рече дека една зграда е урната во централната општина Фатих, а девет куќи се евакуирани, објави Хаберлер.

Итната помош примила нешто повеќе од 10.000 повици, но тоа не е многу за „мегаград“, рече Јеликаја.

 

ИЗДВОЕНИ