По денешната средба со Зеленски: Ердоган ја предложи Турција за домаќин на преговорите за Украина

198
EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави денеска дека Турција би била идеален домаќин за мировни преговри за Украина.

„Нашата земја ќе биде идеален домаќин за веројатни преговори меѓу Русија, Украина и САД во блиска иднина“, изјави Ердоган по состанот во Анкара со украинскиот колега Володимир Зеленски.

Американскиот претседател Доналд Трамп отпочна дипломатска инцијатива за брзо завршување на војната преку преговори. „Тој пристап се поистоветува со политиката која Турција ја водеше три години“, нагласи Ердоган.

Тој потсети на претходните иницијативи на Турција, која два пати беше домаќин на разговорите меѓу Москва и Киев во 2022 година.

Зеленски од своја трана го критикуваше руско-американскиот состанот во Саудиска Арабија нарекувајќи го состанок за Украина без Украина.

„Сега се во тек прегоовир меѓу руски и американски претставници. Повторно за Украина без Украина“, рече Зеленски и додаде дека утрешниот пат во Саудиска Арабија, бидејќи со тамошните власти се договорил да ја посети земјата на 10-ти март.

Зеленски рече дека преговорите преговорите за Украина треба да ги вклучуваат Европската унија, Велика Британија и Турција.

 

ИЗДВОЕНИ