По четиримесечна борба за живиот: Почина матурантот Вукашин, шеснаесеттата жртва од уривање на настрешница во Нови Сад

557
EPA-EFE/MARKO KAROVIC

Осумнаесетгодишниот Вукашин.Ц. од Змајево, кој беше тешко повреден во падот на настрешницата во Нови Сад на 1 ноември минатата година, почина денеска.

„Пациентот В.Ц. (роден 2006 година), кој беше тешко повреден при паѓање на настрешница во Нови Сад и кој по лекување во Клиничкиот центар во Војводина, на 29 јануари 2025 година беше примен на ВМА, почина на 21 март 2025 година во оваа воено-медицинска установа.

И покрај сите преземени мерки за лекување и максималната посветеност на персоналот на ВМА, пациентот им подлегна на сложените повреди и компликации. Го изразуваме нашето најдлабоко сочувство до семејството на починатиот“, се вели во соопштението на Воено медицинската академија.

Ученици, наставници и граѓани поединци денеска се собраа пред економското училиште „Светозар Милетиќ“ каде учел и Вукашин Ц од Змајево за да му оддадат последна почит на починатиот млад човек.

На зградата на Економското училиште беше истакнато црно знаме, а граѓаните на социјалните мрежи се простуваат и од починатиот млад човек.

ИЗДВОЕНИ