По 60 години ќе се открие вистината? ФБИ објави нови тајни документи за атентатот на Кенеди

477

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) објави околу 2.400 нови документи за убиството на 35. американски претседател Џон Кенеди, по наредбата на актуелниот претседател Доналд Трамп да ги открие сите документи поврзани со атентатот на Кенеди, пишува Њујорк пост.

Порталот „Аксиос“, повикувајќи се на „Њујорк пост“, објави дека ФБИ дури сега ги откри овие документи, кои никогаш не биле доставени до комисијата задолжена за разгледување и објавување на овие документи, бидејќи Белата куќа неодамна нареди објавување на сите досиеја поврзани со атентатот во 1963 година.

Не е јасно што има во новооткриените документи, а ФБИ – наводно – сè уште има околу 14.000 страници доверливи документи.

Други досиеја останаа во тајност до сега поради загриженост за националната безбедност, со одобрение на комисијата.

Американската влада беше обврзана со закон целосно да ги декласифицира документите за атентатот на Кенеди до 2017 година.

Минатиот месец, американскиот претседател Доналд Трамп издаде извршна наредба со која нареди објавување на сите преостанати доверливи документи за атентатот на Кенеди.

Експертите, сепак, предупредуваат дека конечното објавување на документите веројатно нема да открие дали официјалната приказна, дека Ли Харви Освалд дејствувал сам во атентатот на претседателот, е точна или дали се вистинити теориите на заговор кои сугерираат дека Освалд имал помош од влада во сенка или криминална организација.

ИЗДВОЕНИ